1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Над 200 слободни болнички кревети повеќе за една недела

СН/агенции
1 мај 2021

Притисокот врз македонските ковид-центри постепено се намалува. Ако во минатата сабота имаше 500 слободни болнички кревети, денеска таа бројка, според податоците на министерството за здравство изнесува 740.

https://p.dw.com/p/3spSF
Mazedonien Coronavirus Uniklinik in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Периодот на зајакнати рестриктивни мерки недвосмислено доведе до прекршување на третиот бран на епидемијата на коронавирусот во Северна Македонија. Позитивниот тренд на намалени бројки на новозаразени се отсликува и во болниците. За само една недела значително е зголемен бројот на слободни болнички кревети во ковид-центрите. 

Според денешните информации на министерството за здравство во моментов има околу 740 празни болнички кревети ширум земјата. 

Пред само една недела, во минатата сабота на 25 април таа бројка изнесуваше 500.  

Mazedonien Coronavirus Uniklinik in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Инаку вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови низ земјава е 1147, соопшти денеска министерството за здравство.

Повеќе:

-Добредојде за кинеските вакцини

-Коронавирус: Зошто се умира најмногу на Балкан и во централна Европа?

-Ковид-19: Болниците брзо се полнат, слободни кревети сѐ помалку

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што на инфективните оддели во главниот град вкупно се лекуваат 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Министерството потенцираше дека бројот на приеми во Скопје изминативе денови се намалува и утрината до 8 часот имало 280 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа, пак, во ковид-центрите во болниците надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 674 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

.