1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кобане пред паѓање - што прават Американците?

Дагмар Пепинг (ард) / Елизабета М. Фиданоска8 октомври 2014

Терористите на ИД заземаат дел по дел од Кобане. ОН апелираат до меѓународната заедница да им се помогне на Курдите во одбрана на градот. Но САД и сојузниците се концентрираат на воздушни напади врз други цели на ИД.

https://p.dw.com/p/1DRtX
Фотографија: Reuters/Umit Bektas

„Сите најдлабоко ќе зажалиме доколку ИД успее да го заземе градот кој толку храбро се брани. Но тоа наскоро нема веќе да биде можно“, изјави посредникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура. Курдските борци, вели тој, се бранат храбро, но терористите се далеку подобро вооружени.

Сепак, САД и нивните сојзуници се концентрираат на воздушни напади врз цели на Исламска држава (ИД) надвор од Кобане. Американскиот претседател Барак Обама повлече јасна линија во борбата против Исламска држава. За разлика од војните во Авганистан и Ирак, САД сега нема да испратат копнени сили, му вети претседателот на американскиот народ. Значи, такви трупи нема да испрати ниту ако треба да се спречи паѓање на стратешки важниот град Кобане, на границата меѓу Сирија и Турција, во рацете на терористите. Наместо тоа, американските сили ги засилуваат воздушните напади околу Кобане, со цел да бидат задржани и потиснати терористите на ИД.

Притисок врз Турција

Освен тоа, владата на Обама врши притисок врз турската влада да се ангажира посилно во борбата против ИД. Министерот за надворешни работи Џон Кери од понеделникот (6.10) двапати водеше телефонски разговор со турскиот премиер Давутоглу околу состојбата во Кобане, соопшти порпотаролката на Кери, Џен Псаки. Генералот Џон Ален, спрецијален пратеник на претседателот Обама за меѓународната алијанса против ИД, утре (9.10) патува во Анкара на натамошни разговори со турската влада. Притоа може да стане збор и за создавање заштитна зона и зона на забранети летови во Сирија. Турција бара вакви зони за да може да ја држи понастрана сириската авијација. Тоа САД досега го отфрлаа, поради тоа што не сакаа да ризикуваат војна со режимот на Асад.

US Angriffe auf IS Stellungen in Syrien 23.09.2014
Американците и нивните сојузници се концентрираат на напади врз други цели на ИДФотографија: Reuters/U.S. Air Force/Senior Airman Matthew Bruch

Концентрација на командните структури

Никој не сака Кобане да падне, нагласува портпаролката на Стејт Департментот. Таа истовремено потенцира дека американската влада во Сирија има други приоритети. Борците на ИД веќе не би смееле да ја користат Сирија како простор за повлекување и база за своите напади во соседен Ирак. Затоа американските трупи се концентрираат на воздушни напади на други цели во Сирија, а не на напади околу Кобане. „Се концентрираме воено на командните структури на ИД, нивната важна инфраструктура, како и на изворите на приходи како што се нафтените рафинерии“, изјави Псаки.

Jen Psaki Sprecherin US Außenministerium
Џен ПсакиФотографија: SAUL LOEB/AFP/Getty Images

Висок неименуван соработник на Пентагон за Си-Ен-Ен најави дека воздушните напади врз цели надвор од Кобане ќе се интензивираат во наредните денови. Американското министерство за одбрана потенцира дека напади врз борците на ИД во град се тешко изводливи. Опасноста при вакви воздушни напади да бидат погодени и цивили е екстремно голема.

Вашингтон се надева дека дури и ако биде загубена битката за Кобане, ќе биде извојувана победа над теористите.