Клопчето околу НСУ се одмотува
5 јули 2012Истражниот одбор на Бундестагот за неонацистичката терористичка група од Цвикау - Националсоцијалистичко подземје (НСУ) денеска ќе го сослуша претседателот на службата за заштита на уставот во заминување Хајнц Фром. Пратениците се надеваат дека ќе добијат разјаснување - зошто службеник на институтцијата со која раководи во ноември 2011 година, кратко окако беше откриена серијата убиства од страна на неонацистичка група, наредил да бидат уништени седум документи на доушници од десноекстремистичката сцена во Тирингија. Уништувањето на документите беше обелоденето минатата недела, по што Фром побара од министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих да биде отпуштен и да замине во предвремена пензија.
Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во меѓувреме именувал специјален истражител поради аферата со уништивање на документи во истргата околу серијата убиства на неонацистичкото трио НСУ. Оваа задача треба да ја преземе експертот за заштита на уставот во министерството за внатрешни работи Ханс Георг Енгелке, информира онлајн изданието на весникот „Билд“. Енгелке би требало да ја преземе задачата уште наредната недела во централата на службата за заштита на уставот во Келн.