Клинсман е нов селектор
26 јули 2004Реклама
Германскиот фудбалски сојуз се договори со Јирген Клинсман – бившиот репрезентативец го презема кормилото на фудбалскиот национален тим на период од две години. Портпаролот на ДФБ, Харалд Штенгер, изјави дека со Клинсман се завршени договорите што се однесува до финансиите, и сега остануваат уште некои договори околу спортски детали.
Според информации на весникот ”Билд”, 39 годишниот Клинсман, за неговиот ангажман треба да касира пет милиони евра. ”Големите обеми на платите со кои во моментов се шпекулира се апсолутно несоодветни”, тврди Штенгер.