1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Класичната слика за семејството веќе не важи

Ања Фенле/ Жана Ацеска15 јули 2014

Сликата на семејството, која ја застапуваат германските конзервативни политичари, веќе е надмината, покажа студија на Фондацијата Конрад Аденауер. Модерното семејство е многу покомплексно и бара таков однос.

https://p.dw.com/p/1Cd12
Фотографија: picture-alliance/dpa

„По 20 години ќе живеам во сопствена куќа и ќе имам две деца; ќе имам 30 години, маж или пријател и деца“. Тоа на крајот на јуни го напишале десетгодишни ученички од четврто одделение во основно училиште во Германија. Со тоа, тие се во тренд. Мнозинството млади луѓе, 85 проценти, посакува да има сопствени деца, покажуваат истражувањата на јавното мислење. За нив семејството игра важна улога. Но, што е всушност „нормално“ семејство?

Со одговорот на ова прашање се занимаваше група која пристапи кон изработка на студија по налог на фондацијата Конрад Аденауер. Се испостави дека за младите и натаму олицетворение на класично семејство е брачен пар со деца. Но, речиси 90 проценти од испитаниците под семејство подразбираат и хомосексуални парови, т.н. пачворк семејство, како и самохрани мајки или татковци. Тоа е и искуството на Мари-Луизе Левицки, главната и одговорна уредничка на магазинот „Елтерн“, во превод, „Родители“.

„Оној момент кога темата за наводни малцинства ќе прими препознатлива форма, таа веќе не наидува на одбивност“, вели оваа новинарка за Дојче веле. „Стигматизирањето одамна е престанато“.

Од средината на 80-те години во Германија се раѓаат се‘ помалку деца, во просек 1,3 деца на жена. Што може едно општетсво да преземе против се‘ понискиот наталитет? Фондацијата Конрад Аденауер побара одговор во Сојузниот демографски институт. Испитувани се 5.000 луѓе на возраст меѓу 20 и 39 години.

Усогласеност меѓу работата и семејството

Досега политичарите се концентрираа на решавање на прашањето на усогласеност меѓу работата и семејството, односно грижата за децата, посебно кога се работи за изградба на детски градинки и јасли, се вели во студијата. Освен тоа, семејната политика, посебно ако се има во вид каталогот од 150 мерки, е непрегледна и фрагментарна. Не е препознатлива нејзината стратешка цел. А, да се стави оваа тема на дневен ред и навистина важно, смета Левицки. Би требало, вели таа, да се дискутира за општествена култура, пријателски настроена кон семејството.

Bildergalerie Mutterliebe
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Голема улога претставува она што се одигрува во главите“, вели авторот на студијата, Норберт Шнајдер во интервју за „Зиддојче цајтунг“.

„Во Германија не постои позитивна слика за семејството. Секоја содржи, така да кажам, и своја негативна фолија“, истакнува Шнајдер.

На жената домаќинка, сопруга и мајка, и‘ се префрлува дека живее на сметка на другите, на вработената жена и‘ се префрлува дека се докажува на сметка на децата. Покрај тоа, и самите родители се групираат меѓусебно.

„Невработените мајки се чувствуваат несфатени од вработените мајки и обратно“, смета Марие-Луиз Левицки.

Апел за активна политика на изедначување на половите

„Досегашната политика која преовладуваше во општетсвото и која пропишува што е семејство, целосно е надмината“, констатира Левицки. Токму тоа дојде до израз во студијата. Политиката не треба на луѓето да им пропишува модели, туку мора да им помогне да излезат на крај со се‘ поголемите предизвици на семејниот живот. Таа би требало да им излегува повеќе во пресрет на татковците, кои сакаат поинтензивно да учествуваат во семејниот живот, и на мајките во работниот живот. Тоа порано или подоцна води кон метаморфоза.

Marie-Luise Lewicki Chefredakteurin Zeitschrift Eltern
Мари-Луизе ЛевицкиФотографија: Zeitschrift "Eltern"

Експертот Матијас Хоркс, кој ги истражува овие трендови, веќе подолго време забележува дека правилата меѓу половите одново се дефинираат.

„Тоа понекогаш навредува и е прилично напорно. Но, на долги патеки води кон среќ, љубов и задоволство во животот“, вели тој во интервју за онлајн изданието на „Фокус“.

Авторите на студијата се убедени дека промената на водечката културолошка слика е можна во рок од неколку децении. Така, има добри шанси денешните десетгодишни деца, кои по 20 години ќе бидат мајки или татковци, да можат вистински да ги остварат своите претстави за семејството.