Кипарски Анортозис исфрлен од Лига Европа
14 август 2012Реклама
Скандалот се случи на возвратниот дуел на Анортозис против грузискиот Дила Гори. Првиот меч во Грузија Кипраните го добија со 1:0, но во реванш-мечот од третото коло на квалификациите на 9. август, тие губеа со 0:3, поради што навивачите влегоа на теренот и го прекинаа натпреварот на 10 минути пред крајот.
Освен што е исфрлен од натамошниот тек на натпреварите, Анортозис следните три меча како домаќин во меѓународните натпреварувања ќе мора да ги игра пред празни трибини, а ќе мора да плати и казна од 50 илјади евра.
Кипарскиот клуб има рок од три дена да вложи жалба до Европската фудбалска федерација на оваа одлука.