Кина, 20 загинати во урнат мост
14 август 2007Реклама
Најмалку 20 лица загинаа а 35 се повредени во уривањето на еден мост во јужниот дел на Кина. Повеќе од 60 лица се исчезнати. Мостот кој сеуште бил во изградба се наоѓа во Фенгуанг, регион кој важи за популарна туристичка дестинација. Во тек е истрага за причините за уривањето.