Кина со национален план за заштита на климата
16 март 2007Реклама
Шефот на кинеската влада Вен Џијабао најави национален акционен план за заштита на климата. На прес-конференција тој рече дека Кина е подготвена да ја намали потрошувачката на енергија и оти принципиелно се залага за целите од договорот од Кјото за намалување на емисиите на гасови, иако таму не се пропишани цели за земјите во развој. Кина по САД е втор најголем продуцент на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.