Кина – сонда на Месечината
5 ноември 2007Реклама
Две недели по стартот првата кинеска сонда влезе во орбитата на Месечината. Според медиумските извештаи во Кина се‘ се одвива според планот, така што до крајот на месецов кинеските научници ќе добијат тридемнзионални слики од површината. Мисијата на сондата „Чанг-е 1„ е почетокот на десетгодишната амбициозна вселенска програма на Кинезите за испитување на Месечината.