Келер – Бугарија
4 јули 2007Реклама
Германскиот претседател Хорст Келер ја повика Бугарија на засилена борба против корупцијата и организираниот криминал. Слично како и на претходната посета на Романија, Келер во Софија ја истакна важноста на правната држава за натамошниот развој на економската соработка меѓу Бугарија и Германија. Келер и неговиот домаќин Ѓорѓи Прванов на средбата во бугарскиот главен град ја пофалија динамичната економска соработка меѓу двете земји.