Камерон се залага за егзил за Асад
7 ноември 2012Реклама
Доколку на тој начин може да се спречи крвопролевањето, тогаш вакво решение би требало да биде предмет на договор, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон за телевизијата „Ал Арабија“.
Засега е нејасно дали Камерон за ваквото свое залагање се договарал со другите постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Исто така, отворено е и прашањето која земја би можела да му понуди евентуално азил на Асад.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Лакдар Брахими, стравува од распад на државата и можност власта во свои раце да ја преземат воените лордови и милиции во секое од нивните упоришта. Постои опасност од „нова Сомалија“ во Сирија, рече Брахими за арапскиот весник „Ал Хајат“.