Кале: чекање и надеж
3 август 2015На само пет километри оддалеченост од Кале, бегалците живеат во импровизирани шатори. Но оваа „џунгла“ е повеќе од бегалски камп. Со своите 3 илјади жители, ова е вистински мал град.
Во центарот е сместена мала, 15 метри висока, православна црква. Бегалците, како Мима од Етиопија, тука бараат бегство од тешкото секојдневие.
„Кога се молам тука, речиси заборавам дека сум бегалец. Се чувствувам како да сум дома“.
За Мима и другите во „џунглата“ ова е само привремено живеалиште. Тие се надеваат на подобар живот на другата страна на каналот. Некои од нив бараат, британската влада да стори повеќе за да им се подобри состојбата.
„Британската влада мора да ги прифати овие луѓе како бегалци, особено Суданците. Или во најмала рака да најде решение, затоа што Судан порано беше британска колонија“, вели Меки Али, кој доброволно им помага на бегалците.
Слики од викендот. Една група бегалци се обиде да ја урне оградата пред влезот во тунелот - но полицијата возврати со солзавец.
Бегалците сакаат во Велика Британија, затоа што го говорат јазикот и често имаат роднини или пријатели таму.
Тука, во Кале, растојанието меѓу Англија и континентот е најмало.