1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како до решение за Косово?

18 јули 2007

Како коментаторите во германските дневни весници гледаат на проблемот. Пренесуваме дел од пишувањата

https://p.dw.com/p/BJU7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Весникот “Зиддојче Цајтунг“ во денешниот коментар забележува дека Унијата мора да посвети поголемо внимание на проблемот со Косово со оглед дека Русија го блокира почетниот статус на набљудувана независност. Во текстот натаму читаме:

“ Рускиот претседател Владимир Путин може да се буни колку што сака, но Косово ќе биде независно. На балканот полекас созрева свеста дека етнички и религиски поделен регион може да функционира само доколку постои заеднички мотив. А во овој случај, тоа е Европа. Единствено шансата за влез во ЕУ на регионот може да му обезбеди стабилност. Русија од друга страна чека на еднострана одлука за проглчасување независност на Косово, што повторно би можело да ја подели Европа. Би било разумно на луѓето на Косово да им се покаже дека нивната шанса е всушност во Европа, бидејќи на Косово му е потребна помош во изградба на државно управниот апарат. Потребни се инвестиции, а Европа тоа може да го понуди. Владимир Путин на крај ќе увиди дека неможе да го запре динамичниот процес. Суверенитетот на Косово ќе дојде самиот по себе“ читаме во коментатарот во “Зиддојче Цајтунг“

Весникот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ во анализата под наслов Планот “Ц“ за Косово забележува:

“ Косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека еднострано прогласената независност сама по себе би довела до повеќе проблеми. Но ако треба да се одбере помеѓу она што е невозможно и она што е тешко, тогаш ќе го одбереме второто, ја пренесува весникот изјавата на Чеку. Доколку не биде постигнато соодветно решение тогаш планот Ц предвидува можност преодниот парламент во Приштина да прогласи независност за покраината. Потоа САД и ЕУ би ја признале државноста на Косово. Меѓутоа кај земјите членки на Унијата владее поделеност околу прашањето Косово. Сепак Агим Чеку вели дека политичкото раководство во Приштина би било задоволно доколку САД и најважните земји на Унијата би ја признале независноста на Косово“ пишува во анализата за Косово во весникот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“