„Како вистински балет“
18 февруари 2019Поранешната термоцентрала Кнепер во близина на Дортмунд беше разнесена во неделата, според распоредот. Оџакот со големина од 210 метри, високиот ладилник со височина од 128 метри и котелската постројка со височина од 70 метри, беа разурнати напладне со три контролирани експлозии и се претворија во добри 28.400 тони отпадоци од челик и градежни урнатини. Електричната централа беше затворена во 2014 година поради нерентабилност.
Како изгледаше овој спектакл кој во живо беше пренесуван на локалната телевизија погледнете во следново видео:
„Сè помина според планираното и без компликации", изјави портпаролот на компанијата за уривање, а организаторот на уривањето воодушевено истакна: „Поубава кореографија од уривање на згради со контролирани експлозии не може да се создаде. Тоа е навистина балет".
На местото на урнатата електроцентрала на 580 илјади квадратни метри површина сега треба да биде изграден логистички центар.