1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква поддршка за Западниот Балкан?

10 декември 2011

„Кво вадис Западен Балкан“ - Предизвик за ЕУ и САД беше панел дискусијата на конференција на Аспен Институтот на која уште еднаш се слушна познатото: перспективите се отворени, треба да се исполнат условите!

https://p.dw.com/p/13QCM
Фотографија: AP Graphics

Ништо ново, ниту револуционерно не пренесоа високите претставници на балканските држави, на ЕУ, Германија и САД кои учествуваа на панел дискусиите посветени на Балканот и неговите европски и евроатланстки персепективи. Ѕвездите не и беа наклонети на вчерашната дискусија, единствена од отворен карактер на годишната средба на пријателите и членовите на Аспен Институтот. И тоа од неколку причини: најпрво приказната со еврото е се уште усвитена и во догледно време без хепи енд...Уште побитни за балканските држави беа вчерашните заклучоци на Европскиот совет околу проширувањето со кои розовите перспективи што за неколку држави ги навести Европската комисија, завршија - сиво! Освен се разбира за Хрватска која и официјално, со ставениот потпис на докуемнтот од летото 2013 треба да стане и 28 членка на европското семејство.

Немотивирачки биланс!

Гернот Ерлер, претседател на Друштвото за Југоисточна Европа кој го водеше панелот, пред да им даде збор на претставниците на земјите од Балканот даде краток преглед на заклучоците од Брисел со што „замрзнатата“ атмосфера тешко можеше да ја стопи ни топлото обраќање на хрватскиот дипломат Александар Хеина. Од српска страна немаше кој да реагира на информацијата дека кандидатскиот статус ќе и биде доделен наредната година, доколку се воспостави дијалогот со Приштина, доколку се гарантираат правата на малцинствата, доколку заеднички со Косово се надминат проблемите на северната граница. Иако и за Црна Гора одлуката за датум за почеток на пристапните преговори е одложена до јуни и во тој период се бара напредок во борбата против корупцијата и организираниот криминал, црногорскиот премиер Милан Рочен беше задоволен и констатираше дека „ова е позитивен момент за европските интеграции на Црна Гора“. Според него, тоа што акцентот е ставен на корупцијата и организираниот криминал не го гледа толкѕу црно, зашто како кажа „организираниот криминал и корупцијата не се повеќе национални, туку интернационални...“

Gernot Erler,MdB und Zoran Petrov, mazedonischer Vize Außenminister
Хрватска успешна приказна! Гернот Ерлер и Зоран Петров на дискусијата на Аспен ИнститутотФотографија: DW

Без коментари за одлуката од Хаг

И да не беше државниот секретар од Баварија Емилиа Милер, која уште на почетокот ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд на правдата од Хаг околу тужбата на Македонија против Грција, оваа тема безмалку и целосно ќе беше заобиколена од дискусијата за Западниот балкан. Од името на Македонија во политичкиот дел од дебатат обраќање имаше заменик мнистерот за надвотрешни работи Зоран Петров. Тој , меѓутоа, акцентот го стави на постигнувањата во земјата, исполнетите криетриуми од Мастрихт потенцирајќи дека „Македонија е добра економска приказна“. Кусо даде биланс и на патот на европските интеграции , констатирајќи дека „ЕУ е единствениот пат и цел и дека нема повлекување“. На прашањето на Дојче веле зошто не ја искористи можноста да говори за одлуката од Хаг и отсуството на реакцијата од Брисел Петров со изјава:

„За вакви настапи поважно е да се нагласат приоритетите на надворешно-политички план, спецификите на спорот со името и потребата за поддршка за негово надминување. Одлуката на судот е нешто што може да преставува алатка во процесот на одблокирање на Македонија и тоа под услов да се искористи мудро. На таа одлука не гледаме со еуфорија и триумфализам, ниту како на нешто што може некого да принуди или да натера некого да ги смени своите ставови. Таа одклука е битна заради принципите на почитување на меѓународното право. И тоа за нас е најважното и целта поради која и се покрена тужбата против Грција во Хаг“.

Zoran Petrov Vize Außenminister Mazedonien
ЕУ и НАТО остануваат крајна цел. Зоран Петров, вицеминистер за надворешни работиФотографија: Silvera Padori-Klenke

Регионална соработка

На политичкиот панел говореа и претставници на Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. По правило, сите цврсто ги бранеа позициите на своите земји, истакнувајќи ги европското и евро-атлантското интегрирање како крајна цел во нивниот пат. Во економскиот дел од дискусијата , како значаејен сегмент за вистинското интегрирање на Западниот Балкан во ЕУ стана збор за регионалната соработка и можностите кои таа ги оттвора. Јован Теговски, како претставник на Регионалниот совет за соработка се осврна за досега постигнатите резултати во поттикнувањето на заедничката соработка и привлекувањето на инвестициите. Посебен акцент даде на улогата на Македонија во рамките на Цефта 2006, со која се обезбедила поголема либерализација на трговијата меѓу земјите од регионот. Инаку, како одговор на стратегијата на Европа 2020, Советот за регионална соработка ќе реализира проект со кој треба да се поттикне дијалогот меѓу носителите на социјалната политика во регинот со цел да се намали невработеноста, и да се хармонизираат законодавставата, кои се во функција на процесите за пристапување на земјите од регинот во ЕУ.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Борис Георгиевски