1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква иднина за НАТО сојузот?

11 февруари 2006

НАТО се обидува да најде нови партнери ширум светот и од досегашниот одбрамбен сојуз да се претвори во безбедносна организација што ќе оперира на целата Планета.

https://p.dw.com/p/AcVL
Рамсфелд на средбата на НАТО во Таормина
Рамсфелд на средбата на НАТО во ТаорминаФотографија: AP

Но, се‘ уште недостасува поточна дефинција на ваквата нова улога, а нејасно е и финансиската структура што треба да ја поддржува ваквата промена. Ова јасно дојде до израз на дводневната неформална средба на министрите на Северно атлатнската алијанса во Таормина на Сицилија.

Американскиот Министер за одбрана Доналд Рамсфелд на средбата на Сицилија побара натамошна преобразба на НАТО:

„НАТО останува најуспешен воен сојуз. Историјата меѓутоа би можела да покаже дека најважните негови придонеси за мирот и безбедноста се наоѓаат допрва пред него.„

Рамсфелд побара склучувања потесни партнерства со земји од Азија и Пацификот, а нагласи и дека членството на Израел во НАТО сојузот повеќе не се исклучува.

За разлика од ваквите амбициозни планови на Американците, Германија и Франција, како и повеќе други европски земји укажуваат веднаш на целата низа практични и политички проблеми при тоа. Германскиот министер Франц Јозеф Јунг посочи:

„НАТО не е некаква Мини Организација на ОН, ниту пак светска полиција, иако ни се потребни партнерства во Азија од Австралија па се до Јапонија. Ние сме застапени во Авганистан заедно со вкупно 37 земји, што покажува дека сме упатени на поддршка. Но НАТО нема улога на светски полицаец и тоа потполно би ги надминало можностите на оваа организација.„

Министрите во секој случај се договорија на неформланата средба на Сицилија дека до самитот во Рига во ноември годинава ќе најдат согласност околу идните задачи на Алијансата. До тогаш би требало да бидат подготвени за акција и силите за брза интервенција од вкупно 25.000 војници. Во момнентов недостасуваат една четвртина од нив, се пожали главниот командант на НАТО силите, американскиот генерал Џејмс Џоунс. Германскиот министер Јунг појасни дека поради тешката ситуација во буџетите на земјите членки, многу од нив имаат проблеми со дополнителни оптоварувања, бидејќи веќе имаат испратено свои војници во мисиите во Авганистан или пак на Балканот. Германија имено треба да даде дури една третина од спомнатите 25.000 војници во силите за брза интервенција.