1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква е идната политика на германската влада за Западен Балкан?

13 ноември 2009

Во првата декларација на новата германска влада не е ни спомената идната политика кон Балканот. Опозицијата реагира жестоко укажувајќи дека главна задача на владата треба да биде европската перспектива на регионот.

https://p.dw.com/p/KVUo
Имаат ли јасна стратегија за Балканот? Гидо Вестервеле и Ангела МеркелФотографија: AP

Новата влада на Германија која ги вклучува демохристијаните и либералите нема план според кој би требало да се дејствува во земјите на Западниот Балкан. Новиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле на пратениците во Бундестагот им се обрати со зборовите :

„Во Европа нема мали земји. Земјите со мала географска површина се исто така големи и заслужуваат рамномерен степен на почит.“

Поимот „мали земји“ кои Вестервеле ги спомна во својата изјава се однесува само на членките на ЕУ, како што се земјите на Бенелукс. Поради тоа што земјите од Западниот Балкан воопшто не беа спомнати, изјавата на министерот наиде на остри реакции од страна на членовите на опозицијата во парламентот, од социјалдемократите и од Зелените. Фритјоф Шмит од Партијата на зелените праша: „Со какви иницијативи вие им нудите иднина на земјите од бивша Југославија потресени од криза?“

Да им се помогне на земјите од поранешната Југославија е морална обврска

Објаснувајќи го значењето и улогата на германската војска на меѓународните кризни жаришта и мисии, новиот министер за одбрана од Христијанско-социјалната унија, Карл Теодор цу Гутенберг, само накратко ја спомена состојбата во Босна и Херцеговина и на Косово:

„Во Босна и Херцеговина донекаде владее мир и одредена стабилност, и покрај тоа што моменталниот развој на ситуацијата ни‘ дава повод за грижа. Иако успеавме со помош на нашите сојузници да создадеме независна држава на Косово, сепак на Косово, кое е се‘ уште зависно од туѓа помош, му претстои тежок пат.“

Verteidigungsminister Karl-Theodor zu Guttenberg
Министерот за одбрана Карл Теодор цу ГутенбергФотографија: AP

Користејќи ги зборовите на министерот за одбрана, пратеникот на социјалдемократите Гернот Ерлер упати критика за новата влада, поради незаинтересираноста за земјите од Западниот Блкан:

„Тоа не е само една промена на Балканот која загрижено ја посматраме. Тоа е опасно и вие ја сносите целосната одговорност за безбедноста на Балканот и последиците кои произлегуваат од таквата состојба.“

Пратеникот Аксел Шефер, ја поддржа критиката на својот партиски колега. Новата влада има морална обврска, вели Шефер, да им помогне на земјите од Западниот Балкан на патот кон Европа:

„Поради молчењето на новата влада заклучуваме дека тие фактички сакаат да го запрат штотуку започнатиот развој. Ние му се спротивставаме на тоа, поради тоа што овде не станува збор само за перспективата која тие земји ја добиваат доколку се интегрираат во Европа. Ние имаме и морална обрврска кон демократските политичари кои настрадаа, поради европската перспектива и борбата за демократија во своите земји. Како пример го наведувавам премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Наша обврска е да го одржиме зборот, и да им овозможиме перспектива на земјите од Западниот Балкан.“

Автор: Селма Филиповиќ / Дана Трајчев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска