И денеска имаше масовни протести во Мијанмар
25 септември 2007И покрај заканите за интервенција од страна на воениот режим низ улиците на градот Рангун во Мијанмар , поранешна Бурма и денеска протестираа десетици илјади будистички монаси. Дописниците на новинските агенции јавуваат дека на денешните протести учествувале меѓу 50 и 100 илјади лица.
Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на изјави на очевидци извести дека по завршувањето на демонстрациите на улиците во Рангун излегле вооружени полицајци и војници.
Кина како најважен сојузник на Мијанмар ја повика воената хунта во земјата на умерен однос кон демонстрантите. Пекинг се надева на стабилност и економски развој на Мијанмар.
Висок претставник на Белата Куќа пак соопшти дека претседателот Џорџ Буш ќе воведе нови санкции за воениот режим во Бурма и нивните финансиски поддржувачи.