1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Бундестагот го поддржа независно Косово

Силвера Падори20 февруари 2008

Три дена по прогласувањето независност, Германија ја призна Република Косово. За иднината на Косово дебатираа и парламентарците

https://p.dw.com/p/DAfE
Германија не смее да остане воздржана - Франк Валтер ШтајнмаерФотографија: picture-alliance/ dpa

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер попладнево пред парламентарците во Бундестагот ја бранеше владината одлука за признавањето на независно Косово. По девет години обиди да се изнајде решение, Германија сега не може да биде воздржана. Неопходно е Косово да се поддржи и да се направи најдоброто.Тоа значи да се изгради една демократска држава каде ќе бидат вградени европските вредности. Само вакво Косово е фундамент за стабилчноста на регионот - изјави Штајнмаер.

Помошта е неопходна

Тој подвлече дека луѓето од Косово мора од своја страна да разберат дека Европјеците со измешани чувства и грижа гледаат кон новата држава. Ова пред се заради реакциите. Во Косовска Митровица гореа албанските знамиња. Во Белград имаше насиолни демонстрации, солзавец... Емоциите се измешани зашто од европска перспектива границите границите треба да се исчезнат, а не да се создаваат нови.

Една нова мала држава не беше можеби она што за Западен Балкан си го посакуваше Европската Унија. Но се друго, вклучувајќи го Планот на Ахтисари, преговорите на Тројката - не успеаа.

"

Затоа сега се бара нашата одговорност, во една ваква ситуација не можеме да бидеме воздржани. Мораме со сета сила и заеднички да го поддржиме Косово и неговиоте граѓани. Да им помогнеме. Гледам на ова како финална точка од распаѓањето на некогашна Југославија” подвлече Штајнамер кој ја повика Русија на присебност, а упати поррака на адреса на Косоварите и Србите за соработка и заедништво при што апелираше: пролевањето крв од минатотот да не го одредува животот на децата и идните генерации.

Безбедноста - перспектива за живот

Владината одлука за признавање на независно Косово имаше целосна поддршка од пратениците на ЦДУ-ЦСУ, Социјалдемократите, либералите и зелените. Полни час и половвина се говореше за поблиската историја, пропагањето на Југославија, мисијата на ЕУ и ситуацијата во покраината...

"

Само луѓе кои живеат безбедно имаат перспектива. Тука не мислам само на Албанците, туку на српското малцинство чии права треба да се гарантираат. Оттаму Европската унија треба да помогнме како во изградувањето на институциите, така и во борбата против криминалот, заживувањето на стопанството, вложување во универзитетите и училиштата - зашто тие се инвестиции на иднината” - кажа од говорницата Гинтер Крихбаум од ЦДУ-ЦСУ.

Во дискусијата од косовските власти се побара да ги почитуваат правата на малцинствата. Се слушна и мислењето дека на оние кои ја имаат сега власта воопшто нема да им е лесно зашто ветувањата за добар живот е долг и трновит пат на кој ќе има и многу сопки.

Независноста - за партијата на Левите неприфатлива

Вистинска ерупција емиции меѓу пратениците предизвикаа дискусиите и ставовите на Партијата на Левите кои застанаа против признавањето на независноста на Косово од страна на Германија и најавија судска жалба.

“Нема никакви оправдувања за едностраното прогласување на независнос на Косово. Ние партијата на Левите секогаш јасно и гласно кажувавме дека нема меѓународна правна основа едностраната сецесија да се толкува како правносилна” - ја вжешти атмосферата дискусијата на Моника Кнохе. Таа упати критики до Германија и ЕУ зашто го поддржаа кршење на меѓународното право, подвлекувајќи дека од цела ситуација, повторно најпогодено ќе биде населението на Косово.