ИФА – Берлин
31 август 2007Реклама
Во Берлин е отворен 47-от саем за средства за телекомуникација, ИФА. До петти септември, 1 200 излагачи од 32 земји ќе ги прикажуваат новитетите во оваа сфера. Во фокусот се телевизијата преку интернет и мобилните апарати за навигација. Се смета дека само на саемот ќе бидат склучени зделки во висина од 2,5 милијарди евра, што би бил нов рекорд.