1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Истражувања: Лекот на Фајзер поефикасен од Молнупиравир

ЕМФ | агенции
5 ноември 2021

Ново апче против коронавирусот многу успешно спречува тежок тек на болеста кај пациенти со висок ризик, тврди фармацевтската компанија Фајзер.

https://p.dw.com/p/42deI
Pfizer Pharmaunternehmen
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Досегашните истражувања покажуваат дека лекот Паксловид го намалува ризикот да се заврши во болница и смртните случаи кај пациентите со Ковид-19 за 89%, соопшти американската фармацевтска компанија Фајзер денеска во Њујорк. Ваков заклучок се изведува за лицата кај кои лекот бил даван во рок од три дена по појавата на првите симптоми на Ковид-19. Слични резултати имало и кај третманите кои почнале во рок од пет дена.

Фајзер оценува дека станува збор за „огромна ефикасност“ на лекот. Според актуелните истражувања, апчето на Фајзер (ефикасност од 89%) е поефикасно од Молнупиравирот на компанијата Мерк, кој во слични тестови покажал намалување на ризикот од 50%. Сега Фајзер планира да ги достави овие податоци што е можно поскоро до Американската агенција за лекови ФДА.

Антивирусниот лек, кој се зема орално, во случај ја добие дозвола, има потенцијал „да спасува животи на пациенти, да ја намалува тежината на заболувањето и да спречува девет од десет престои во болница“, се вели од Фајзер.

Molnupiravir
Молнупиравирот на компанијата Мерк во тестовите покажа намалување на ризикот да се заврши во болница и смртните случаи кај пациентите со Ковид-19 за 50%Фотографија: Merck & Co Inc/REUTERS

Британската агенција за лекови МХРА вчера првпат даде дозвола за апче против Ковид-19. Антивирусниот лек Лагеврио (познат и под името Молнупиравир) е сигурен и ефикасен за намалување на ризикот од завршување во болница и смртни случаи кај пацинетите со Ковид-19 кои имаат умерен и средно тежок тек на болеста, се вели во соопштение на британската влада. Лагеврио е прво во светот антивирусно средство против Ковид-19 кое има добиено дозвола, а се зема орално. Европската агенција за лекови ЕМА на крајот на октомври најави дека ќе ја проверува употребата на Молнупиравир. ЕМА врши проверка и на седум други средства против корона.

Повеќе:

Нов рекорд на заразени: Мнозинството Германци за задолжителна вакцинација

Зимскиот бран на Ковид-19 ги коси младите, за една недела починале 16 и 17 годишни девојчиња

„Короната ќе стане вирусно заболување со кое ќе можеме да се справуваме“

Лекот Паксловид, кој припаѓа кон протеазните инхибитори, блокира ензим кој на коронавирусот му е неопходен за размножување, додека Молнупиравирот има поинаков механизам на дејствување и цели кон тоа да вовлече грешки во генетскиот код на вирусот.