Истрагата за несреќата на Шумахер е завршена
17 февруари 2014Француското државно обвинителство ја затвори истрагата за скијачката несреќа на седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер. Се исклучува можноста дека во несреќата било вмешано друго лице, не постојат индиции за кривично дело, соопшти одговорниот државен обвинител Патрик Квинси.
Според соопштението на државното обвинителство карпата, на која паднал Шумахер и втората карпа на која удрил со главата, се наоѓале на оддалеченост од 10,40 метри една од друга. Овие карпи биле оддалечени 4,50 метри од границата на патеката. Ознаките и одбележувањето на патеката биле согласни на француските прописи, соопшти државниот обвинител.
Михаел Шумахер на 29. декември 2013. година имаше скијачка несреќа надвор од обележана скијачка патека во скијачкиот центар Мерибел и со главата удри во камен. При падот Шумахер се здоби со тешки повреди на главата опасни по живот и оттогаш лежи во кома.
Од крајот на јануари лекарите во болницата во Гренолб ја намалуваат количината на наркоза, со што е започнато полека будењето на рекордерот во Формула 1 Шумахер.