Историски приватен лет кон вселената
25 мај 2012
Ова лансирање треба да означи нова ера во патувањето кон вселената. Тоа е прв комерцијален лет за снабдување на меѓународната вселенска станица. Ракетата ја разви приватната компанија SpaceX. Исто така и транспортната капсула „Драгон“. По тридневно патување, капсулата пристигна до вселенската станица. Вчера беа завршени летачките и тест маневрите, а до вечерва капсулата треба да се спои со станицата преку канадската „роботска рака“.
Капсулата вчера пријде на 1,6 километри од вселенската станица, во рамки на генералната проба, а денеска веќе почна процедурата за спојување.
На пробниот лет со капсулата се пренесуваат околу 500 килограми товар - животни намирници и облека за астронаутите, како и опрема.
На враќање кон Земјата со капсулата треба да пристигне и дел од багажот. Доколку се оди според планот, „Драгон“ капсулите уште годинава би можеле да почнат со редовни транспортни летови. Првиот е еден од 12-те планирани летови, за кои приватната компанија ќе добие вкупно една и пол милијарда долари. Уште сега во компанијата размислуваат и за можноста да превезуваат и патници кон вселенската станица.