1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски парламентарни избори во Авганистан

18 септември 2005

Во Авганистан се одржуваат парламентарни избори, историски по карактер доколку се има во предвид дека се први во земјата по тридеценискиот талибанскиот режим соборен пред неполни четири години. Иако околината на гласачките места ја обезбедуваат илјадници авганистански и меѓународни безбедносни сили заради страв од евентуални напади на милитантите, агенциите јавуваат за повеќе инциденти.

https://p.dw.com/p/AciV
Обезбедување на конвој со изборен материјал
Обезбедување на конвој со изборен материјалФотографија: AP

Непосредно пред гласањето во престрелка во регионот на Кандахар загинаа двајца полицајци и четворица талибански бунтовници. Инцидентите се случуваат и покрај оптимистичките изјави на преставникот на ОН Јеан Арнаулт дека екстремистите нема да успеат да го попречат процесот на гласање

„ Не успеаа да го попречат процесот на номинирање на кандидатите, не успеаа да го спречат процесот на регистрирање,

текот на изборната кампања. Многу сум убеден дека овие екстремисти нема да успеат да го оневозможат нормалното одвивање на утрешното гласање„

Изјави синоќа преставникот на светската организација која го организира гласањето. Тие ги повикаа граѓаните во што е можно поголем број да излезат на гласање и покрај заканите за напади од страна на милитантите.