1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иселувањето ја празни Македонија

Костадин Делимитов
23 ноември 2017

Во тетовското село Нераште работат само чајџилниците. Младите, без работа и без перспектива, бараат начин што побрзо да заминат во странство, старите остануваат како неми набљудувачи на егзодусот.

https://p.dw.com/p/2o75b
Mazedonien Wahlwiederholung in Tearce
Фотографија: DW/K. Ozimec

Во потрага по подобар живот, младите заминуваат од тетовската општина Теарце, но не забораваат на традицијата. Финансиски се грижат за постарите кои останале дома и го помагаат родниот крај. 
„Сите овие убави куќи што ги гледате се од оние што работат во странство, инаку ние овде не можеме да врземе крај со крај. Затоа сите одат во странство", вели Азис Алили, жител на Нераште. 

Празни куќи, пусти улици...