Ирак
4 мај 2007Реклама
Американските сили во Ирак убиле висок претставник на терористичката мрежа Ал Каеда. Мухариб ал Џубури бил надлежен за објавување на соопштенијата на Ал Каеда во Ирак и бил убиен во воена акција северно од Багдад, соопшти армиски портпарол. Џубури бил вмешан и во киднапирањето на двајцата германски инженери во јануари 2006 година.