Ирак – цивили
6 септември 2007Реклама
Во напад на американски хеликоптери во Багдад ноќеска загинаа 14 ирачки цивили, а уште најмалку десет се повредени. Во акцијата американските сили истрелале проектили врз неколку куќи во населбата Ал Вашаш во намера да ликвидираат бунотвници. При тоа настрадале цивилите, меѓу кои има и жени и деца. Американската команда за сега не објави никакви детали за операцијата во ирачкиот главен град.