Ирак – тежок напад
8 јули 2007Реклама
Бројот жртви на вчерашниот тежок самоубиствен напад на северот на Ирак порасна на најмалку 130 лица. Преку 20 се водат како исчезнати, а повеќе од 250 се ранети. Атентаторот се крена во воздух со товарно возило среде пазар во местото Тус Хурмато. Од експлозијата се разорени многубројни куќи и продавници.