Тројца американски војници и двајца цивили загинале во два одвоени напада во Багдад. Според полцијата станува збор за бомбашки напади чии сторители засега се непознати. Агенциите јавуваат и за уште најмалку осум загинати, меѓу кои неколкумина се полицајци.