Ирак – напад
3 мај 2007Реклама
Во ракетен напад врз особено заштитената Зелена зона во Багдад, загинаа четворица Филипинци кои работеле за американската влада. Ова е трет ден по ред откако бунтовниците ја гаѓаат Зелената зона со ракети и гранати. Во зоната се сместени американската амбасада и ирачката влада.