Ирак – азиски првак во фудбал
30 јули 2007
Единствениот гол на капитенот на ирачката репрезентација Јунес Махмут во финалето на купот на Азија во Џакарта против Саудиска Арабија го врати оптимизмот во земјата. Ирак е азиски првак!
Одушевувањето во Ирак немаше граници кога се слушна последниот судиски свиреж. Пред 60 илајди публика на стадионот во Џакарта, Ирак со голот на Махмут во 71 минута, ја освои престижната титула – првак на Азија во натпревар против досега трикратниот победник во овој куп, Саудиска Арабија. Во земјата во која беснее граѓанска војна, во која секој миг се случуваат бомбшаки напади со голем број мртви, одушевувањето го замени крвавото секојдневје. Во главниот град Багдад победата беше прославена по улиците:
„Среќна сум! Ова е наша победа! Ќе почнеме одново! Ирак„ изјави за ЦНН една гледачка. Друга за успехот изјави:
„Никој не може да не победи. Никој веќе нема да не убива. Ќе живееме вечно„!
Тренерот на Ирак, Бразилецот, Жорван Виера го подвлече значењето на натпреварот за неговите фудбалери и за Ирак во сегашнава политичка ситуација:
„Можат да ги прескокнат сите проблеми и да играат фубал за да им донесат среќа на своите луѓе, да им ја вратат насмевката„.