Инцидентот треба итно да се расчисти
26 октомври 2006а на угледот на Германија предизвика многу реакции.
Германската канцеларка Ангела Меркел побара расчистување на инцидентот. Следеше остра осуда:“Сојузната влада ќе го испита случајот и со сета жестина ќе реагира против војниците кои биле дел од тоа. Таков однос со ништо не може да се оправда”, реагираше Меркел.
Жестоки критики упати и генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, но предупреди од паушални оценки против мировните сили во Авганистан: “Се разбира дека тоа не е репрезентативно. Ниту за Бундесверот, ниту за НАТО. За среќа станува збор за исклучок, но како што рече и канцеларката и јас ќе повторам тоа е неприфатливо”.
Надлежниот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг не остава ни малку простор за сомнеж во неговата решеност да ја расчисти аферата:
”Ваквото однесување е во дијаметрална спротивност со она што им го даваме на нашите војници при обуката и образованието. Сликите, според мене, будат згрозување. Истрагата се одвива со најбрзо можно темпо и доколку дојдеме до конкретни резултати, секако дека тие војници ќе бидат строго казнети.”
Осомничените војници веќе се испитуваат, соопшти министерството за одбрана во Берлин. Остра реакција и од политичарите во Берлин. Шефот на опозиционата партија на Либералите, Гидо Вестервеле предупреди сега да не се става целиот Бундесвер под сомнеж. А шефот на социјалдемократската група во парламентрниот одбор за одбранбено политички прашања, Рајнер Арнолд порача:
”Јасно е дека овде станува збор за потфрлање на локалниот раководен кадар. Во принцип армијата и целото германско општество е многу гордо на тоа што нашите војници постапуваат многу внимателно со чувствителноста на локалното население при сите мисии во странство. Тоа е голема предност и квалитет на Бундесверот.”
Шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер смета дека со објавувањето на фотографиите во весникот ”Билд” е оштетен угледот на германската армија и на целата земја. Снимките се и навреда за илјадниците германски војници кои под најтешки услови во странство и‘ служат на татковината.