Индија – терористички напад
27 август 2007Реклама
Еден ден по бомбашките напади во индискиот град Хајдерабад, полицијата спречи ново крвопролевање. Експерти за експлозив успеаја да деактивираат најмалку 12 бомби. Во нападите што во Хајдерабад се случија во саботата, загинаа 42 лица, а повредени се повеќе од 50-мина. Властите претпоставуваат дека извршители на нападите се радикално-исламистички терористички групи од соседните земји, Пакистан и Бангладеш. Претставници на владите на овие две земји ги отфрлаат обвинувањата.