Индија, бомбашки напад
18 мај 2007Реклама
Најмалку пет лица загинаа а повеќе од 30 се повредени во експлозија на бомба во една џамија во индискиот град Хајдерабад за време на петочните молитви. По експлозијата дошло до судири меѓу разлутената маса и полицијата. Локалните власти повикаа на смиреност меѓу индусите и муслиманите во регионот заради опасноста од проширување на насилствата.