Инвеститорите не сакаат чести промени на законите
24 јануари 2008Македонскиот претседател Бранко Црвенковски сака да открие зошто изостануваат странските инвестиции во земјата и покрај агресивната кампања на владата „Инвестирајте во Македонија“. Во серијалот Дијалози за Македонија сакаше да ги чуе забелешките и сугестиите на странските фирми кои се веќе присутни во државата.
Забелешки и сугестии на стопанствениците
Менаџерите имаат различни искуства,но главни забелешки се постоењето преголема бирократија и честата промена на законите,подвлече Арис Влахос од советот на странски инвеститори.
Странските фирми бараат поголема стабилност и постојаност во правилата за игра. Кон тоа доаѓаат и забалешките на оддолжувањето на судските реформи и потребата од имотн правна сигурност на странските вложувачи.
На пример руската фирма Лукоил има проблеми со локациите за бензински пумпи кои владата и ги доделила уште одамна.
Менаџерот Николајчо Николов од рудникот Бучим укажа на незадоволството на неговите сопственици од постојаното менување на законите.Индустријата не трпи промени од ден на ден,критикуваше и Антонио Николопулос од Цементарницата Ујсе.
Лошите искуства ќе ја надгласаат кампањата
Претседателот Бранко Црвенковски се сложи дека државата треба да обезбедува стабилност и подобра бизнис клима.Ниедна кампања на владата за инвестирање нема да има ефект ако странските стопанственици во земјата имаат и пренесуваат лоши искуства,беше категоричен претседателот Црвенковски.