Израел ѕвечка со оружје?
13 август 2012Изминатиот петок, водителката во радио станицата Решет Бет ги подготвуваше слушателите на темата која ќе преовладува викендот: „Погледнете го насловот во весникот ’Једиот Ахронот’ утрово: Нетанјаху и Барак се одлучни да го нападнат Иран есенва. Погледнете го насловот во весникот ’Хаарец’ утрово: еден израелски политичар вели: Иранскиот меч над нашите глави денес е поостар одколку во 1967 година. И ако имате уште сила тогаш видете го насловот во ’Маарив’ утрово: 37 проценти од населението велат, ако Иран има атмоско оружје, тогаш би можело да има втор Холокауст“.
Во трите големи весници во земјата темите се вртат околу можен напад против иранската нуклеарна програма. Дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот министер за одбрана Ехуд Барак навистина се одлучни да нападнат уште пред американските избори во ноември и со тоа да го омаловажат најважнот сојузник? Потврда нема. Тоа и не беше намерата на неименуваниот извор од владата на кој се повикуваат медиумите, кои ја проширија гласината за скорешен напад. Целта за оваа информација била Вашингтон, коментираат повеќе големи израелски весници. Нетанјаху и Барак сакаат да извршат притисок врз владата на Обама, која според нив е премногу колеблива во нуклеарнот спор со Техеран.
Премиерот и неговиот министер за одбрана постојано ја нагласуваат опасноста, која произлегувала од иранската нуклеарна програма. Што Израел ќе преземел и натаму е отворено прашање, појасни министерот Барак во радио интервју. „Се’ уште нема одлука. Ја разбираме сериозноста на ситуацијата. Разбираме дека повеќе го немаме целото време на светот за одлука. Стоиме пред тешки одлуки. Ги прифаќам сите други гледишта, во земјата и во странство. Но конечно израелската влада, таа самата мора да донесе одлуки што се однесуваат на безбедноста и иднината на земајта“.
Напад против иранските нуклеарни постројки, од агол на некои израелски воени и експерти за безбедност не гарантира дека Техеран би бил значително погоден во однос на можните негови аспирации за атомско оружје. За Израел еден таков напад, според гледиштата на експертите носи значителни ризици. Така во случај на напад се очекува иранските сојузнции во Појасот Газа и во јужен Либан да стрелаат врз Израел со ракети. Јизраел Зив, поранешен висок по ранг израелски генерал, преку армиското радио предупреди од напад. „Можноста една ваква операција да зврши без натамошен развој во регионот е многу мала. Не гледам ситуација во која Хезболах или Хамас не би реагирале на тоа. Освен ова постои опасност, Сирија да ја искористи ситуацијата и проблемот да се прошири нанадвор“.
Друга последица доколку Израел презема на своја рака мерки против Техеран би било повторно влошување на односите со САД. За тоа одговорноста ја носи премиерот Нетанјаху пишува весникот „Једиот Ахронот“. Тој ги загубил САД како сојузници, а весникот „Маарив“ им префрли Нетанјаху и неговиот министер за одбрана Барак слабости при водењето на владата и донесувањето одлуки. И двајцата биле во состојба да го нападнат Иран за да покажат, дека сериозно мислат.
Тесно мнозинство од Израелците, според актуелните анкети, стојат зад тоа Израел евентуално сам да преземе инцијатива против Иран, но само доколку за тоа се заложи и војската и тајните служби. Израелската армија во меѓувреме врши сериозни подготвоки. За тестирање ширум земјата ќе бидат испратени пораки на еврејски, арапски, англиски и руски јазик. На тој начин населението ќе треба да биде предупредено од ракетен напад.