Израел и Либан си ја префрлаат одговорноста
4 август 2010Двете страни си ја префрлаат одговорноста и обвинуваат за нарушување на граничната линија.
„Сметаме дека ова е уште едно нарушување на резолуцијата од 2006-та, и ја сметаме либанската влада за одговорна за денешните слушувања“, изјави Енди Давид од израелското министерство за надворешни работи.
„Денеска видовме дека израелската армија навлезе во либанска територија, што предизвика либанската армија да одговори на ваквото насилство“, одговори либанскиот државен министер, Мишел Фарун.
Ова е прв поголем судир меѓу двете страни по израелската инвазија во 2006 година, која претежно беше насочена кон борците на Хезболах.
Советот за безбедност на ОН ги повика двете страни на воздржаност. Членовите на Советот се длабоко загрижени за случувањата и ги повика двете страни да не дозволуваат во иднина такви инциденти. Со сличен став излегоа и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ЕУ и американскиот Стејт Департмент.
Израелската влада денеска на итна седница треба да одлучи за следните чекори, а либанскиот премиер Саад Харири ја осуди, како што рече, „израелската агресија“.
Автор: БГ/дпа/афп/дв
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска