Израел: Засилени безбедносни мерки по нападот
9 јуни 2016Полициското присуство е зголемено во близина на училишта и детски градинки. Двајца атентатори Палестинци синоќа во прометен затворен пазар во Тел Авив отворија оган врз посетителите. Притоа се убиени четири лица, а седум ранети. Полицијата ги уапси двајцата напаѓачи, едниот од нив е ранет. Како реакција на нападот, Израел ги укина олеснувањата поради Рамазан за десетиците илјади Палестинци. Издадените дозволи на Палестинци од Западниот Брег за пристап до Брегот на храмовите и посета на роднини се замрзнати. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави решителни чекори против терористите. Палестинската организација Хамас, која владее во Појасот Газа, најави натамошни напади во текот на месецот на пост.
Погледнете го видеото од нападот во Тел Авив: