Изнајми јахта преку апликација!
18 јуни 2019Летото пристигна! И единственото нешто што недостасува е суперјахта. Но, за тоа се потребни милиони. Не повеќе!
Имено суперјахта можете од пред некое време да се изнајмите на Јота (Yotha). Станува збор за своевиден Airbnb за јахти.
Изнајмувањето чини меѓу 3.000 и 695.000 евра, во зависност од големината и луксузноста на јахтата.
„На нашата веб-страницата, можете да го изберете вашиот брод, бродот кој би сакале да го имате за одмор и да го разгледате, преку виртуелна прошетка од 360 степени“, вели Карло Бенведути, генерален директор на Јота.
Апликацијата, исто така, нуди консиерж услуги како и хеликоптер за изнајмување. Но, сето тоа дефинитивно не е за луѓето со ограничен буџет. Конечно бизнисот е јасно насочен кон оние со повеќе пари. Тој има за цел да ги поврзе сопствениците на суперјахти и компјутерските хипстери кои имаат пари во изобилство.
„Мислам дека тоа дава легитимна алтернатива, но оти нема да го опфати целиот пазар. Впрочем веќе неколку години е на пазарот.
Но, сметам дека во иднина во секој случај традиционалните модели се' повеќе ќе се стремат кон технологијата“.
Изнајмување суперјахти преку Јота во моментов е достапно само на Медитеранот. Целта е пак проширување и во други региони.