Пожарот во бегалскиот логор Гранде-Синте брзо се проширил и целосно изгореле сите 300 дрвени бараки. Десет лица се повредени. Огнот избил истовремено на повеќе места во логорот, поради што постои сомневање дека бил подметнат. Претходела тепачка меѓу мигрантите.