Извртена слика
22 февруари 2007Администрацијата на Буш беше информирана. Според медиумите, Блер уште во вторникот и ги соопштил своите планови на Белата куќа за постепено повлекување на трупите од Ирак. „Претседателот во ова решение гледа знак на успех во Ирак„, рече Гордон Џондро, портпарол на советот за национална безбедност. „Радосни сме што ситуацијата во Басра толку се подобрила, што Ирачаните ќе можат сами да ја преземат одговорноста„.
Демонстративно спокојство и кај потпретседателот Дик Чејни: „повлекувањето на Британците докажува дека работите во делови на Ирак одлично се одвиваат„.
Министерката за надврешни работи Кондолиза Рајс на прес-конференцијата во Берлин ги оспори тврдењата дека коалицијата се распаѓа:
„Коалицијата останува да постои. Од почетокот беше јасно дека со зголемувањето на способноста на Ирачаните сами да се грижат за безбедноста, се помалку ќе бидат потребни трупите на коалицијата„.
Меѓутоа, не сите во Америка гледаат така на ваквиот развој. Воениот експерт Џон Алтерман од центарот за стратегиски студии:
„Целата работа се претвори во чисто американска војан или подобро, Америка е вовлечена во граѓанската војна во Ирак„.
Инаку, Буш се уште останува на решението да испрати дополнителни 21 илјада и 500 војнииц во Ирак, пред се во Багдад.