1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Сомнежи во искрените намери на ЕУ

31 октомври 2011

Откако Европската комисија во последниот извештај никаде не ја споменува придавката македонски, Македонија се сомнева во искрените намери на ЕУ, изјави денеска во Загреб, македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

https://p.dw.com/p/132UP
Македонскиот претседател Ѓорге ИвановФотографија: Macedonian Information Agency

Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, по средбата со неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ во Загреб денеска изјави дека со изоставувањето на придавката македонски во последниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија се допира во нешто најсвето, најчувствително за македонскиот народ и тоа предизвика исклучително силна реакција на целото општество во Македонија.

„ Македонија сега да се сомнева во искрените намери на ЕУ и на Грција, која на почетокот тој проблем го поставуваше само во рамки на Обединетите нации(ОН), а сега очигледно го шири понатаму“, рече македонскиот претседател.

Europeische Kommission
Европската комисија повторно не ја употреби придавката македонскиФотографија: DW

„ЕУ да се однесува европски“

Тој уште истакна истакна дека му пречи што „ ЕК на некој начин избрала страна бидејќи не ги применува сопствените правила на еднаквост на сите земји“ и дека не држат објаснувањата дека ЕУ се служи со терминологијата на ОН, бидејќи во регистерот на ОН јасно е напишано дека јазикот во таа држава е македонски“.

„Во сите речници, енциклопедии и на универзитетите каде што постојат катедри или лектори за македонски јазик, тој јазик постои, а сега тие се осмелуваат да го бришат“, рече Иванов, при тоа додавајќи дека од „ЕУ бара да се однесува европски“.

Kroatien wird EU-Mitglied
Хрватскиот претседател Иво ЈосиповиќФотографија: picture alliance/dpa

Билатералните спорови да не ја попречуваат интеграцијата во ЕУ

Двајцата претседатели во Загреб инаку заеднички истакнаа дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија во евроатлантските интеграции.

Како идна членка на ЕУ Хрватска нема да поставува пречки на патот на Македонија без оглед на отвореното билатерално прашање со Грција. Односите меѓу двете држави се на одлично ниво, но постои уште многу простор за соработка во економијата, меѓу другото преку инфраструктурно поврзување, раст на трговската размена, оценија Ѓорге Иванов и Иво Јосиповиќ, по денешната средба во Загреб.

Иванов, кој престојува во дводневна официјална посета на Хрватска, побарал Јосиповиќ да се заложи за примена на позитивниот пример во надминувањето на хрватско-словенечкиот спор во решавањето на македонскиот билатерален спор со Грција.

Автор: ЖА/СН/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски