1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов апелира за фер и демократски избори

БГ/миа22 март 2013

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов очекува престојните локални избори да поминат во најдобар ред и секој граѓанин да го искористи своето демократско и уставно право да го даде својот глас.

https://p.dw.com/p/182gf
Фотографија: MIA

„Повикувам, како и досега, и овие избори да поминат во најдобар ред, пред сe‘, затоа што од секаде нe‘ следат и гледаат како се одвиваат овие изборни циклуси. Не доликува по 21 година во демократија да правиме работи што сме ги правеле во минатото. Затоа повикувам до сите чинители, до сите учесници на локалните избори да придонесат изборите да поминат во најдобар ред, а тие што ќе се обидат да го попречат изборниот процес, се знае дека кон нив не треба да има милост и треба најстрого да се санкционираат“, изјави претседателот Иванов во петокот во Дојран, каде присуствуваше на нуркачката акција за чистење на водите на Дојранското Езеро.

Прашан до каде се разговорите за формирањето на ад-хок комисијата за испитување на настаните од 24-ти декември, претседателот Иванов информираше дека се работи на усогласување на тоа кој ќе ја води комисијата. „Тоа е на ниво на партии. Тие се усогласуваат, ги дадоа своите кандидати. Сега на ниво на генерални секретари се обидуваат да најдат согласност за претседателот, бидејќи претседателот треба да биде избран од двете партии заедно. Генералните секретари се во постојана комуникација, имаат средби, консултации и веројатно ќе се изнајде решение, ќе имаме еден кандидат за претседател кој ќе ја води комисијата“, изјави претседателот Иванов.