1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто се сади толку многу афион во Авганистан?

Кристоф Хајнцле29 мај 2006

Жетвата на полињата со афион во Авганистан сега е во полн ек. Бизнисот со опиум е голем економски фактор во Авганистан. Трговците и т.н. босови на дрогата прават огромни профити, а голем број селани кои одгледуваат афион живеат од тоа. Владите во Кабул и во провинциите, меѓу другото и поради меѓународниот притисок, преземаат се поголеми чекори против бизнисот со дрога, и тоа на тој начин што ги уништуваат п

https://p.dw.com/p/Aest
Шишарка на афион
Шишарка на афионФотографија: AP

олињата со афион. Така, ја уништуваат и егзистенцијата на голем број селани кои делумно на полицијата и се спротивставуваат и со оружје.

Борците против дрога си ја завршија работата на полето на Гулам Расул. На полето во близина на селцето Шинкаи, во северно-авганистанската провинција Балх, на стебленцата веќе нема ниту една шишарка афион. Тоа за 62 годишниот селанец е катастрофа. Тој има солзи во очите. “Како да преживее моето семејство? Не ни остана ништо. Земјиштето не ни припаѓа. Овде никаде нема работа. Имам седум деца, од кои три одат на училиште. Тие немаат облека, а погледнете ги и моите чевли полни со дупки.“

Гулам Расул само ја земал земјата под наем. Тој и онака би добил само едно ситно делче од парите добиени од бизнисот со опиум. Сега е беспомошен. Неговото семејство е сиромашно, се жали селанецот, а од садење пченица и зеленчук не може да живее. За растенија кои би носеле повеќе плодови недостига семе и пазар каде што ќе се продадат, вели Расул: “Садењето афион, овде во Авганистан, е нешто сосема нормално. Сите го прават тоа. Сега доаѓа гувернерот и ги уништува полињата. Но, владата не прашува зошто садиме афион. Ни требаат пари. Владата треба да ни помогне.“

Жетвата и уништувањето на полињата се во тек. Точни бројки за површината на која се сади, за производството на опиум и за продажбата ќе има дури наесен. Сепак, полицијата, армијата и пред се гувернерите во провинциите со дрога оваа година се решени повеќе од кога и да е да работат на уништување на полињата со афион. Тоа го потврдува и Дорис Буденберг, покраински шеф на бирото на ОН за борба против дрога: “Ова досега покажа најголеми резултати. Полињата со афион кои годинава ќе бидат уништени ќе бидат многу поголеми отколку оние што се уништени претходната година.“

Авганистан, според проценките, останува најголем производител на опиум и хероин во светот. Минатата година 87% од производството дојдоа од Хиндукуш. Селаните, но пред се трговците, со дрога заработиле речиси три милијарди долари, што е половина од авганистанскиот бруто домашен производ. Со парите се поткупуваат и полицајци и владини службеници. Тоа е една од причините зошто и годинава ќе се уништи само мал дел од жетвата.

“Ангажманот варира од провинција до провинција. Во многу провинции нема моќ за вистински пробив.“

Сепак, уништувањето, според експертот на ОН Буденберг, е второстепено. Германците кои се во служба на ОН се жалат дека на селаните им недостигаат алтернативи. За проклето сиромашното заостанато земјоделство се прави премалку.

“Она што меѓународната заедница во моментов го прави е што дејствува малку во само еден регион, и во уште три други провинции во мали региони или селца. Тоа е некоординирано и премалку. Би можело и би морало да се стори повеќе“, вели Буденберг.

Северноавганистанските одгледувачи на афион на главната улица кај Балх знаат дека го прекршиле правото и законот. Тие знаат дека производството на дрога не е во согласност со исламското учење. Абдул Хамид тврди дека со задоволство би престанал со тоа:

“Мразиме што мораме да одгледуваме афион и да произведуваме опиум. Знаеме дека тоа е лошо, но ниту владата, ни кој било друг не ни дава семе за други растенија. Што можеме да правиме?“