1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Зошто Германците мислат исто како Доналд Трамп?

Сања Благојевиќ
22 јуни 2018

Доналд Трамп тврди дека криминалот во Германија е во пораст, а Ангела Меркел го демантира! Статистички, земјата е сѐ побезбедна. Сепак, многу Германци се чувствуваат понесигурно од било кога порано.

https://p.dw.com/p/304K8
Jugendgewalt Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa

Помалку насилство, помалку провали во станови и куќи, повеќе разјаснети злосторства- Германија, статистички гледано, е се’ посигурна земја. А сепак, многу Германци се чувствуваат понесигурно отколку кога и да е порано. Зошто?

Во Германија во 2017. година се регистрирани 5.760.000 кривични дела. На прв поглед тоа е страшно многу, но всушност тоа е речиси 10% помалку отколку една година претходно. Тоа воедно е и најголем пад на стапката на криминал во изминатите 25 години. Има помалку убиства, помалку случаи на сексуално злоставување деца и малолетници, намален е бројот на евидентирани џепароши и бројот на провали во станови и куќи, а значително е опаднат и бројот на кривични дела за кои се одговорни странци. Причината за последново е едноставна – во изминатата година во Германија имаше многу помалку баратели на азил отколку во 2015 и 2016 година. Но клучен податок за статистиката за криминал и онака не е потеклото, туку староста и полот на осомничените лица.

Во 2014 година, значи пред избивање на бегалската криза, млади мажи на возраст помеѓу 14 и 30 години претставуваа најпроблематична група. Иако нивниот удел во вкупното население изнесувал само 9%, секој втор осомничен тогаш бил токму од таа старосна група. Во 2017. тоа биле 44%.

Но статистиките се едно, а чувствата нешто сосема друго. Речиси секој втор Германец вели дека денес животот е понесигурен отколку пред неколку години. За тоа чувство придонесе една кобна ноќ во Келн. По неа очигледно веќе ништо не е како порано

„Тоа навистина се промени во последните години. Не би сакал тоа да го доведувам во врска со бегалскиот бран, но кај нас, во Северна Рајна Вестфалија, дојде до голема промена по новогодишната ноќ 2015/2016 во Келн. Сега сите се поподготвени да зборуваат за тоа отворено, да се позанимаваат со решавање на тие работи и тоа – доследно. Полицијата е најполитичка од сите државни служби, ние зависиме од политичката волја и по тоа прашање доста работи се променија.“

Политичкиот сигнал е јасен – нулта стапка на толеранција кон криминалот, без оглед на бојата на кожата. Токму така германската полиција сака да ја врати загубената доверба на граѓаните.

Зошто Германците мислат исто како Доналд Трамп?