Земјотрес во Русија
2 август 2007Реклама
Најмалку едно лице загина а неколкумина се повредени во земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди рускиот остров Сахалин. Руските агенции јавуваат дека повеќе од 24.000 локални жители на источниот остров се евакуирани. Кратко по потресот, јапонските власти, јавија за налет на цунами бранови со височина од 30 сантиметри врз островот Хокаидо. Нема информации за поголеми штети.