Земјотрес во Азија
3 април 2007Реклама
Земјотреси со сила од 6,2 степени според Магнитудната скала го потресоа регионот на Хиндукуш меѓу Авганистан и Пакистан.Епицентарот се наоѓа во северната област Фаисабад,а потресот бил почувствуван и во Кабул,каде луѓето бегале во паника,како и во Исламабад и во Њу Делхи.
По вчерашниот земјотрес и предизвиканиот цунами на Соломонските острови пак,тамошната влада прогласи вонредна состојба.Загинаа најмалку 20 лица,а стотици куќи се уништени.