1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелени 25 години

14 јануари 2005

Коментар на Јенс Турау

https://p.dw.com/p/Acxq

Додека трае заседанието на зелените во Верлиц, скоро како рутинска средба, оваа партија која при појавувањето беше сметана за фундаменталистичка, нереална, или нејзините членови беа означувани како диви демонстранти, во меѓувреме, по 25 години од основањето, од неспособна да владее, стана најсиланата еколошка партија во Европа која е високопрофесионално организирана. Дури кон крајот на јануари на една тркалезна маса во фондацијата Хајнрих Бел, блиска на зелените, ќе биде спомант јубилејот. Во актуелните анкети зелените постојано се на добрата десетпроцентна граница. Министерот за надворешни работи Јошка Фишер со години е најсаканиот политичар во земјата. Можеби токму затоа на зелените не им е пријатно потсетувањето на нивното минато. Зашто тогаш тие беа едно шаренило од собрани утописти, сонувачи, радикали од сите бои и стари левичари што ги обединуваше само едно: нивното задоволство да спорат. Четвртина век подоцна оваа еколошка партија е супер ефикасна со цврсти организациони структури и со висока доверба. А, токму за последното тогаш во Карлсруе не можеше ни да се сонува. Ниту една партија во толку кус период не направи толку промени како зелените. Поранешната тврдокорно пацифистчка партија, денес се согласува и со воени ангажмани на Бундесверот во странство. Антипартиската партија тогаш беше позната како првата политичка групација која тврдеше дека социјалниот систем од стар ков веќе не може да се финансира и дека затоа се неопходни промени. Но, партијата се смири и со капиталот, а нејзините говорници на манифестациите веќе немаат ништо егзотично во себе.

Зошто е тоа така? Прво, нејзините избирачи, како и партиските активисти сега се постари и ги релативизираа некогашните радикални ставови. Им помогнаа и настаните: тие бргу влегоа во парламентите и сфатија дека тоа нуди можност и за практични промени. Тогаш се урна социјалистичкиот сон, а не малку зелени се вклопија во западно-германската стварност. А, потоа се случи и Балканот, многу опасна и блиска војна, па некогаш пацифистичкиот принцип беше покриен. За време на овој курс на интеграција во политичкиот систем, зелените загубија соработници и симпатизери, но постојано добиваа нови. Во ниту една фигура промените на зелените не се гледаат толку колку кај Јошка Фишер. Некогашниот автономен уличен борец, алтернативен книжар и такси возач , денес е еден од министрите за надворешни работи со најдолг стаж во демократските држави.

Можно е сето она што ги обедени зелените да го имаше и порано: движења на жените и на екологистите, мировни групи и алтернативни групации кои беа повеќе интегрирани во општеството отколку што се мислеше, но денес претставуваат нешто како второ граѓанско општество кое хомосексуланоста не ја гледа како болест, а заштитата на природата како веројатно најважна задача на иднината. Направија кариери во Сојузната република, како и партијата што ја избираат. Тие се правници и новинари, лекари и се почесто и бизнисмени. Тие се убедни демократи, зашто пробаа и други системи. За многу ставови што ги имале со дваесет години, сега ја нишаат главата. Оттаму, за оној што толку често се менувал, понекогаш му е болно осврнувањето назад, макар колку почетокот да беше успешна приказна.

Јенс Турау