За независност големо мнозинство?
20 јануари 2011Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на официјални лица, јавува дека во дел од сојузните држави согласноста за независност е дури 90%.
Податоци од останатите три сојузни држави во Јужен Судан се‘ уште нема. Референдумот што се одржа од 9 до 15 јануари е дел од мировниот договор потпишан во 2005 година, а со кој беше ставен крај на 20-годишната граѓанска војна. Во војната животите ги загубија најмалку два милиона луѓе. Детали за тоа како би требало да изгледа идниот однос на двете судански држави нема. Меѓу другото, отворено е прашањето каде точно ќе минува границата и како ќе се делат парите од нафтата.
Советот за безбедност на ОН денеска го пофали мирниот тек на референдумот во Јужен Судан. Истовремено, Советот ги повика двата дела на земјата да ги признаат резултатите од референдумот. Инаку, југот на Судан е населен претежно од христијани и верници од африканските религии, додека на северот има претежно муслимани. Доколку конечните резултати потврдат дека избирачите се изјасниле за независност, на 9 јули треба да биде прогласена новата, 54-та африканска држава. Судан, кој со 2,5 милиони квадратни километри има најголема површина од африканските земји, на тој начин ќе загуби една четвртина од територијата.
Автор: ЕМФ/ЖА/ртр
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска