1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западот и Русија и натаму не можат да ги усогласат ставовите околу новата предлог резолуција за Косово

13 јули 2007

Првиот човек на НАТО Јаап де Хоп Шефер предупредува дека времето истекува. Шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер пак демантира дека постои согласност за поделба на покраината

https://p.dw.com/p/BFV6
Јаап де Хоп ШеферФотографија: picture-alliance/ dpa

Јаап де Хоп Шефер во Белград изјави дека последната нацрт резолуција е можеби и последна шанса за процесот кој не е во рацете на НАТО, туку прашање кое треба да се решава во советот за безбедност“ Шефер нагласи дека мора да се одбегнат непотребните одложувања на решението за статусот на покраината. Тој ги повика сите страни на воздржаност и умереност, но додаде оти смета дека ситуацијата статус кво е неодржлива.

Првиот човек на Алијансата повтори дека предлогот на Марти Ахтисари е добра основа, исто како и новата предлог резолуција во советот за безбедност која предвидува дополнителни преговори. Шефер изрази надеж дека оние кои досега ја попречувале ваквата резолуција ќе покажат малку повеќе флексибилност

Рускиот министер за андворешни работи Сергеј Лавров денеска Лавров предупреди дека текстот на резолуцијата меѓу редови крие закључок дека по 120 денови, без разлика дали Белград и Приштина ќе се договорат, ќе стапи на сила предлогот на Марти Ахтисари. Тој предупреди дека од тесктот мора да се издвојат затскриените формулации и да продолжат преговорите без однапред утврден конечен резултат.